Млад скопјанец пронајден починат во викенд куќа

39-годишен скопјанец бил пронајден починат во викендица во скопското село Чучер. Тој бил пронајден од неговиот другар со кого заедно престојувале во викендицата.

– На 27.01.2023 околу 12.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во викенд куќа во с.Чучер, скопско, Б.А.(32) од Крива Паланка го пронашол починат неговиот другар Н.Т.(39) од Скопје, со кого од 25.01.2023 заедно престојувале во викенд куќата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција, информираа од МВР.

Претходна вестНационалниот парк Галичица оставен без финансиска поддршка од државата
Следна вестТаксист во Аеродром допирал 19-годишна девојка додека ја превезувал