Таксист во Аеродром допирал 19-годишна девојка додека ја превезувал

Млада девојка враќајки се со такси возило во скопската населба Аеродром била нападната од возачот.

– На 27.01.2023 во 04.33 часот во полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото, информираат од МВР.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМлад скопјанец пронајден починат во викенд куќа
Следна вест„Здрава котлина“: ДУИ купи 25 отсто од Еуромакс Ресурси