Младата македонска репрезентација до 21 година ги започна подготовките за Анталија Куп 2023

Младите репрезентативци на Македонија до 21 година пристигнаа во Анталија, и веднаш започнаа со подготовките за претстојните три контролни натпревари против селекциите кои ќе се играат: со Летонија на 23.март, Финска на 25. март и Словачка на 28.март.

Младата селекција максимално ќе го искористи овој подготвителен период, со цел што подобро да се подготви за почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 година.

Постојаниот член на младата репрезентација на Македонија и еден од најдобрите поединци на штипска Брегалница и Иван Николов даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.

– Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и снажни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години, изјави Николов, пренесува ФФМ.

Тој е уверен дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можат да остварат добри резултати.

Претходна вестИ секој ден да си припомнуваме на Гоце Делчев – малку е
Следна вестВо чест на македонскиот поетски великан: УНЕСКО ја чествува 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов