И секој ден да си припомнуваме на Гоце Делчев – малку е

Гоце Делчев направил многу за Македонија и македонскиот народ. Ние сегашните генерации треба често да си припомнуваме на неговите дела. Додуша, не треба многу да се мачиме и да бараме повод, големиот македонски револуционер дал многу поводи додека силно се борел за слободна Македонија.

Еве, деновиве навршија 120 години од неговата последна осмислена и реализирана акција. Тој заедно со неговата чета го разурнале тунелот кај реката Драматица или на грчки Ангиста во Серско.

Имено, откако Делчев го отфрлил солунскиот конгрес кој бил одржан од 2-ри до 4-ти јануари 1903 година за кревање на востание, со четата заминал во внатрешноста на Македонија за да издејствува повлекување на решението за масовно востание.

Во периодот пред да се состане со Даме Груев во Солун, поточно во април 1903 година каде како цел ги поставиле насоките за водење на востанието со засилени четнички дејствија и терористички акции, со својата чета го урнал тунелот кај реката Драматица – Серско, акција преку која ја изразил својата револуционерна активност. Воедно тоа била и последната негова акција против османлиската власт за ослободување на Македонија.

По состанокот со Груев во Солун, Делчев се упатил на закажаниот Серски револуционерен округ. Откако стигнал во селото Баница – Серско на 3ти мај, му било соопштено дека селото е опколено од османлиската војска со цел да го убијат или фатат жив. По долга и тешка битка нашиот легендарен револуционер го загубил живот следниот ден, поточно на 4-ти мај 1903 година.

Претходна вестОблачно и свежо со врнежи од дожд кои попладне ќе бидат пообилни
Следна вестМладата македонска репрезентација до 21 година ги започна подготовките за Анталија Куп 2023