Облачно и свежо со врнежи од дожд кои попладне ќе бидат пообилни

Во Скопје и околината времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 5 до 15 степени.

Во останантите делови од земјата, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде 3 а максималната 18 степени.

Претходна вестСкопјанец чувал еден килограм марихуана дома
Следна вестИ секој ден да си припомнуваме на Гоце Делчев – малку е