Скопјанец чувал еден килограм марихуана дома

38-годишен скопјанец е уапсен денеска откако во неговиот дом била најдена марихуана во тежина од еден килограм, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (20.03.2023) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје,  извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје.  При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.

Претходна вестАмазон објави планови за укинување на 9.000 работни места
Следна вестОблачно и свежо со врнежи од дожд кои попладне ќе бидат пообилни