Со тешки телесни повреди вчера се здобил еден мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Никола Карев“,односно, популарната „Пластичарска“ улица.
-Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Кивеј“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(46) од Скопје и патничко возило „Опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (53) од Скопје, информираат од МВР.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.