Може мерните инструменти се расипани? Скопје утрово беше девети, а сега е петти град со најзагаден воздух во светот

Загаденоста на воздухот во Скопје се влошува во текот на претпладневото, покажуваат најнови податоци на двете најпознати интернет страници кои го мерат загадувањето на воздухот во светските метрополи. Така, според интернет – страницата iqair.com македонската меторопола во 10 часот е на петто место во светот според загаденоста на воздухот. 

-Се препорачува носење на заштитни маски, да не се вежба надвор, а прозорците по домовите да се држат затворени, препорака е која што може да се прочита на оваа веб-страница.

Најголемо е присуството на штетните ПМ2,5 честички – 97,3 микрограми во метар кубен воздух, а на ПМ10 честички – 131,7 микрограми.

Најзагаден град во светот во овој период е Лахоре, Пакистан со индексот на загадувањето 255.

Утрово, во 8 часот Скопје беше рангирано на 9-то место во светот според присутноста на штетните честички. Индексот на загадувањето тогаш беше 165, а најприсутни беа опасните честички ПМ2,5 со концентрација 82,1 микрограм на кубен метар воздух.

Прекумерно загадување покажува и интернет-страницата waqi.info. И таа утрово во 8 часот имаше предупредување дека воздухот во Скопје е нездрав за дишење. Најголема измерена концентрација на штетни честички беше измерена на булеварот „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром – 161. Прекумерно загадување имаш и на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда – 158, како и на булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на градот – 150.

Сега, во 10 часот концентрациите на штетните материи, како што се гледа на оваа веб-страница, се зголемени: На булеварот „Трета македонска бригада“ индексот на загадувањето е 171, на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда – 170, на „Кочо Рацин“ – 154…

Овие показатели загрижуваат. Овие податоци бараат конкретна акција од надлежните градски и државни органи.

Ќе се реагира ли? Или можеби ќе се мисли дека мерните инструменти по кои се водат ове две светски интернет – страници се расипани?

Инаку, Скопје со осмото место и синоќа беше меѓу 10 најзагадени градови во светот, а најлошо беше во населбата Лисиче со концентрација од 233 микрограми на штетните честички во воздухот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: 500 милиони евра потрошени за борба против корупцијата, а во Македонија има епидемија од истата
Следна вестМВР ќе набавува налепници „НМК“ за регистарски таблички по цена од 29,5 до 41 денар