ВМРО-ДПМНЕ: 500 милиони евра потрошени за борба против корупцијата, а во Македонија има епидемија од истата

Од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упатија прашање до СДСМ и ДУИ каде завршиле 500 милиони евра за борба против корупцијата. И покрај толку потрошени пари во Македонија постои епидемија од корупција.

– Стратешките партнери на Македонија издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција. Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Само 2% доверба во судството е заради криминалот и корупцијата кои ја јадат државата 500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта.

МВР, Управата за Финансиска полиција, Царинската управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање 7 години се водени од структури на СДС и ДУИ, 7 години неказнивост. Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив за криминалот на оваа власт не кажува веќе само ВМРО-ДПМНЕ, туку и меѓународни институции и агенции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестЕУ сега е поподготвена од времето кога беше само подготвена за прием на нови членки
Следна вестМоже мерните инструменти се расипани? Скопје утрово беше девети, а сега е петти град со најзагаден воздух во светот