Можен е пороен дожд и град и денеска во скопското подрачје

Промелниво облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на невреме со град, предвидуваат метеоролозите денеска за скопското подрачје. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува и во другите краишта од Mакедонија. Локалните процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, поинтензивни електрични празнења и град.

Минималната температура ќе биде од 15 до 23 степени, додека максималната ќе се движи од 26 до 31 степен Целзиусов.

И во следните денови времето ќе биде доста нестабилно, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Претходна вестПоследна изложба на „Скопско лето“, фестивалот се затвора
Следна вестВладимир Панчевски осуден на три и пол години затвор