Владимир Панчевски осуден на три и пол години затвор

Затворска казна во траење од три и пол години синоќа му беше изречена на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски од страна на Основниот суд во Велес. Пресудата е изречена по 12 часовното траење на процесот од страна на судијката Валентина Ѓорѓиевска.

Панчевски беше обвинет за злоупотреба на службена положба во периодот додека бил прв човек на Кривичниот суд. Според обвинението, тој рачно местел 45 судски предмети како претседател во Основен суд Скопје1 во периодот додека од 2013 до 2016 наместо тоа да се врши по електронски пат. Со тоа директно влијаел на распределбата на предметите кај одредени судии.

Од страна на обвинителот во завршниот збор беше кажано дека е докажана вината на Панчевски, а тој пак изјави дека обвинението е политичко и дека пресудата е наложена од страна на министерката за правда Рената Дескоска.

Претходна вестМожен е пороен дожд и град и денеска во скопското подрачје
Следна вестГо бара ли полицијата тинејџерот-пироман кој се фали со палење шуми?