МРТВ не можела да се гледа во други држави оти бил раскинат договорот, Ковачевски ќе проверува зошто

Причините зошто Македонска телевизија не може да се емитува во Бугарија треба да се бараат во тоа што е раскинат договорот за преност на сигналот кон други држави. Вакво објаснување денеска даде премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто МРТВ не може да се следи кај нашиот источен сосед. Тој рече дека има во план да закаже состанок со директорот на Македонската телевизија за да се види каков договор е потпишан, како оди сигналот надвор и каква услуга добива нашиот национален сервис во делот на емитувањето на програмата во други држави.

-Со оглед на тоа што тие склучиле некаков договор што технички треба да се објасни, со кој давателот на услуги не овозможува бесплатно симнување на сигналот од страна на оператори во други држави, проблемот е создаден од порано. Разговарав со некои од институциите задолжени за медиумите. Планирам состанок со директорот на МРТ за да се види каков договор потпишале, како оди сигналот надвор и каква услуга добива националниот сервис во делот на емитување програма во други држави. Да провериме дали и во други држави има можност да се скине сигналот на МТВ и таму да биде гледан од страна на нашите граѓани, објасни Ковачевски.

Програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, како што предвидува Договорот за пријателство, додека пакетот на програми на Бугарската национална телевизија кај нас се емитува преку Македонски телеком.

Претходна вестВо Србија се бара забрана за мобилни телефони во училиштата
Следна вестНиколоски: Власта на ДУИ и СДСМ дава 2 милиони евра на непозната фирма за косење трева