Му дошол на гости па му украл новчаник со 1.000 евра

Пријава за кражба ќе добие жител на кавадаречкото село Возарци, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 24.11.2022 во 09.10 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со Д.И.(26) од с.Возарци, кавадаречко.

Тој се сомничи дека на 23.11.2022 околу 21.30 часот, додека бил на гости кај 48-годишен маж од с.Возарци, одзел паричник со 65.000 денари и лични документи.

-Дел од одземените пари и документи биле пронајдени вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава, соопшти МВР.

Претходна вестКрмов: Ковачевски ја злоупотребува премиерската функција за црна кампања против Левица
Следна вестЌе дочекаме ли македонски функционер да даде оставка?