33 годишникот од Голема Речица, кој во понеделникот беше приведен поради изнуда на околку 1.200.000 денари, од денес е во притвор.
Имено сега обвинетиот З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од оштетениот, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Му се јавувал и му кажувал како и каде да ги предаде парите на такси возачот, кој истите подоцна ги предавал на обвинетиот.
– Истото се случи и во текот на вчерашниот ден, при што оштетениот и таксистот беа затекнати од полициски слжбеници во моментот на примопредавањето на парите, информираат од СВР Тетово.
Судија во претходна постапка при Основен суд Тетово определи 8 дневна мерка притвор за 33-годишникот кој ќе биде спроведен во КПУ Затвор во Скопје.