Му земал 1.200.000 денари уценувајќи го со снимки, сега е во притвор

33 годишникот од Голема Речица, кој во понеделникот беше приведен поради изнуда на околку 1.200.000 денари, од денес е во притвор.

Имено сега обвинетиот З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од оштетениот, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Му се јавувал и му кажувал како и каде да ги предаде парите на такси возачот, кој истите подоцна ги предавал на обвинетиот.

– Истото се случи и во текот  на вчерашниот ден, при што оштетениот и таксистот беа затекнати од полициски слжбеници во моментот на примопредавањето на парите, информираат од СВР Тетово.

Судија во претходна постапка при Основен суд Тетово определи 8 дневна мерка притвор за 33-годишникот кој ќе биде спроведен во КПУ Затвор во Скопје.

Претходна вест„Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“, пораката на Стефановски преведена на десетина јазици
Следна вестУчениците го бараат ветеното образование од скопската Математичко-информатичка гимназија