Темно Режим Светло Режим

Муцунски од Минхен: Државата се позиционира во новата геополитичка ера

Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека во изминатите дваесет месеци државата донела неколку значајни одлуки и склучила договори кои имаат големо влијание врз нејзиното стратешко позиционирање на меѓународната сцена. Изјавата ја даде на Минхенска безбедносна конференција.

Тој посочи дека еден од клучните чекори е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, со што земјата станала прва во регионот што потпишала ваков договор. Дополнително, беше склучено ново стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршен постмониторингот од Советот на Европа.

Како четврта важна иницијатива, Муцунски ја издвои Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која отвора можност за идни трговски договори и подобри услови за домашните компании. Според него, документот предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, но и потенцијално намалување на царините до нула проценти за одредени производи важни за македонскиот извоз. Истовремено, се отвора простор за соработка во енергетиката и дигиталната трансформација.

Министерот оцени дека за релативно краток период се направени конкретни надворешнополитички исчекори кои носат придобивки за граѓаните, бизнис-заедницата и државата.

Осврнувајќи се на пораките од конференцијата во Минхен, Муцунски нагласи дека европските и американските претставници ја истакнале потребата Европа да се врати кон своите основни вредности, како и да ја зајакне безбедносната архитектура и економската стабилност.

Тој додаде дека САД испраќаат порака за партнерство и соработка во рамки на трансатлантските односи, што е важно за колективната безбедност и иднината на НАТО. Според него, променетите глобални околности бараат јасно позиционирање на државата во новата геополитичка реалност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Малите кинески пратки во ЕУ поскапуваат: Царината може да достигне и 9 евра по пакет

Малите кинески пратки во ЕУ поскапуваат: Царината може да достигне и 9 евра по пакет

Следниот Пост
Вардар го пречекува Работнички, дербито на колото е во Струга

Вардар го пречекува Работнички, дербито на колото е во Струга