„Мундо Депортиво“: Столе Димитриевски е одлична опција за Барселона

Реномираниот шпански медиум „Мундо Депортиво“ ѝ препорачува на Барселона да го ангажира македонскиот голман Столе Димитриевски.

Во текстот на новинарот Жорди Батаља истакнува дека Димитриевски чиј договор со Рајо Ваљекано истекува на 30-ти јуни е идеална опција за резервна опција во каталонскиот гигант на Марк Андре Тер Штеген.

– Голманот кој е неприкосновен стартер во Рајо, Димитриевски може да биде интересна опција со нула трошици и големо искуство во Ла Лига. Овие два фактори го прават сериозен кандидат за голот на Барселона која веќе е добро запознаена со неговите квалитети, пишува Батаља.

Се потсетува и дека Димитриевски беше многу блиску до Барселона во 2022 година. Барселона тогаш се договори со македонскиот голман, но Бразилецот Нето во последен момент се откажа од заминувањето, па трансферот пропадна.

– Во јануари 2022 година, Димитриевски беше блиску, подоцна призна и дека имал договор со Барселона, се беше подготвено, требаше само да се потпише договорот, стои во текстот на „Мундо Депортиво”.

Од друга страна Димитриевски пред само неколку дена изјави дека нема проблем да остане во Рајо и до крајот на кариерата, меѓутоа додаде и дека не зависи се од него. Останува времето да покаже што ќе се случува, а како опција за резерва на Тер Штеген се споменуваше и Давид Де Геа кој е без клуб откако замина од Манчестер Јунајтед.

Претходна вестПриведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци
Следна вестНападната медицинска сестра во Струшката болница, кривична за напад на вработен во хирургија