Темен режим Режим на светлина

Приведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10.30 часот на ул.„Аврам Писевски“ во Скопје, го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје, соопшти МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, соопштија од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Заврши серијата на Јокиќ, но Денвер повторно победи

Следна објава

„Мундо Депортиво“: Столе Димитриевски е одлична опција за Барселона