МВР: 223 возачи казнети за брзо возење, осуммина возеле над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина

Полицијата казни 223 возачи во рамките на вчерашната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената.

-Од нив 20 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Претходна вестГир: Јасно е што треба да се прави со Судскиот совет, ги имаме препораките
Следна вестНови именувања: Синиша Стојаноски ќе раководи со ГОБ „8-ми Септември“, Марија Андоновска во ИЈЗ