МВР ќе формира посебна единица за борба против родово насилство

Посебна единица за броба против родово насилство ќе формира МВР, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој објасни дека единицата ќе биде составена од повеќе инстититуции.

-Министерството ќе предложи формирање на посебна единица, посебен Таск форс за борба против родовото насилство, составен од преставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури како и преставници на граѓанскиот сектор, што ќе преставува своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави, рече Спасовски на вечерашната онлајн трибина на Форумот на жени организирана по повод Меѓународниот ден на жената  – 8 март.

Тој рече МВР е пример за еднакви шанси за унапредување на жените во хиреархијата.

-Горд сум на процентите кои покажуваат зголемување на учеството на жените во управувачката структура на министерството кое јас го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Во 2015 година нема ниту една жена командир на полициска станица, а сега има неколку, како на пример во Куманово, на најголемиот граничен премин „Богородица“ во Гевгелија, но и во други неколку градови, посочи Спасовски.

Претходна вестРуската вакцина „Спутник V“ ќе се произведува во Италија
Следна вестПолициски час во целата држава од 22 до 5 часот наутро предлага Комисијата