Темно Режим Светло Режим

МВР: Личните карти и возачки дозволи скопјани ќе ги добиваат по пошта

Скопјани личните карти и возачките дозволи ќе ги добиваат на домашна адреса, информираат од Министерство за внатрешни работи. Ова се прави, како што велат од МВР, со цел да се забрза и олесни процесот на промената на личните документи.

– Ова е пилот проект и ќе се спроведува само на територијата на Град Скопје и тоа преку полициските станици. Ова значи дека оние кои се фотографирале за возачка и лична карта, готовите документи ќе ги добиваат на домашна адреса, информираат од МВР.

Воедно МВР извести дека дека во сабота ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Мајка пријавила дека двајца малолетници ја допирале нејзината ќерка

Следниот Пост

Николов и Начевски го судат првото полуфинале на ЕП во ракомет