МВР со апел: Попова Шапка и Маврово се преполни, заклучувајте ги возилата

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до сопствениците на возилата, а кои се во посета на зимско туристичките центри Маврово и Попова Шапка задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптоп компјутери, очила за сонце и друго. Зашто, ваквите предмети се мета за крадци кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.

На возачите им се советува, исто така, задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15-ти март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центри.

Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици.

Претходна вестTаткото на Вања останува во притвор
Следна вестНа српскиот пејач Ѓорѓе Давид му е одземен пасошот и не смее да ја напушти Македонија