МВР со превентивни активности – „Петарди НЕ, безбедност пред се”

Опасноста од повредите преку употреба на пиротехнички средства во текот на новогодишните празници се големи. Бројни примери на повредите во изминативе години потврдуваат дека таа опасност се уште е присутна. Со цел гтаа да се намали, МВР вчера на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип, Скопје и Битола реализира низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници. Во рамки на заедничките активности на МВР и  Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред се”,  беа посетени две тетовски општински средни училишта, „Никола Штејн” и „Осми Септември”. Лекари од оваа клиника во содејство и координација со полициски службеници од Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово одржаа стручни предавања на кои присуствуваа ученици од вкупно 18 паралелки.

-На предавањата посебно беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телото. Покрај ова, учениците поблиску беа запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства. Тие беа  информирани и дека продажбата и активирањето на вакви пиротехнички средства, покрај прекршочно може да се санкционира и со кривични пријави, зависно од околностите и крајните последици. Вакви предавања за денеска се закажани во уште две тетовски општински средни училишта „Кирил Пејчиновиќ” и „Моша Пијаде”, соопшти МВР.

Превентивна активност во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедност пред се” беше спроведена и од страна на СВР Штип-ОВР Берово со учениците од средното општинско училиште „Ацо Русковски” во Берово, како и од СВР Битола- ОВР Македонски Брод во ООУ ,,Мустафа Кемал Ататурк” во с.Пласница.

 

Претходна вестВоздухот во Скопје и утрово е нездрав за дишење
Следна вестШаќири: Од јануари директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите за 30 отсто