МВР врши претрес во затворот Идризово

Голема полициска акција со вршење претрес се спроведува од утринава во скопскиот затвор Идризово. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, претресот во Казнено – поправната установа е со цел пронаоѓање на предмети за кои постои сомнеж дека со нив биле сторени кривични дела. Не е познато дали пребарувањата се вршат само меѓу осудените лица, или и во управната зграда.

Повеќе детали за акцијата се најавуваат за попладне. Полицијата не смее да влегува во казнено-поправните установи, освен за работи поврзани со кривични дела.

Претходна вестШкупи го доби Линколн за противник во првото квалификациско коло од ЛШ
Следна вестАрсовска: Градежната офанзива во Скопје започнува со реконструкција на повеќе од 20 улици во Ѓорче Петров