На „Богородица“ и „Табановце“ утрово се чека околу 40 минути

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ има зголемена фреквенција и чекање околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира утринава АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестВо Битола по трет пат се одржа „Вистинска парада на гордоста“
Следна вестБрисел одговори на заканите на Хезболах кон Кипар: Закана кон земја членка, е и закана кон Европската Унија