“Вистинска парада на гордоста” по трет па се одржа синоќа низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани.
Во обраќањето до присутните на плоштадот, Игор Петковски, еден од организаторите рече дека начелата по кои се воделе за организирање на овој настан се, домот, семејството, родители мајка и татко, деца.
-Браќа и сестри, ова е “Вистинска парада на гордоста” која по трет пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… “Вистинската парада на гордоста“ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и татк… Тука, по трет пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина, рече тој.
По обраќањето битолчани одржаа и марш по Широк Сокак, кој заврши во градскиот парк, каде имаше и други обраќања.