На четири места во Скопје наместо со зборови си „муабетеле“ со тупаници

Четири тепачки се случиле на различни локации во градот по кои морала да интервенира полицијата. Најжестоката пресметка била пред казино во Градски трговски центар лоцирано на Кејот „13-ти Ноември“.

о 19.50 часот, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ѓ.(41) од Скопје и Д.М.(27) од с.Инџиково, скопско, од една страна и Р.С.(40) од с.Сарај,скопско, и уште неколку лица од друга страна, соопшти полцијата.

Вчера С.М.(64) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во барака на општина Кисела Вода бил физички нападнат од Д.К.(52) од Скопје, вработена како обезбедување.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира МВР..

Во 17.30 часот во СВР Скопје, Љ.С.(57) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот во угостителски објект на ул.„Маџари“ бил физички нападнат од едно лице, а претпладне во 11.20 часот во СВР Скопје, Т.Д.(61) од Скопје пријавил дека околу 07.15 часот на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил удрен со тврд предмет од С.И. од Скопје.

Претходна вестПочинале тројца пациенти од вирусот, новозаразени се 121 лице
Следна вестНа секое бетонско здание насадете по најмалку 10 дрвја!