На една минута по полноќ се роди првото бебе, машко е, петто дете на мајката Сузана

Машко е првото бебе што се роди оваа година. Дојде на свет на една минута по полноќ, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебенцето е тешко 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри.

– Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете – информираат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Претходна вест5 работи поради кои со страв влегуваме во 2022 година, има ли место за оптимизам?
Следна вестСончево со локална облачност и температури до 18 степени