На вицепремиерот Бојан Маричиќ не му било пријатно кога чул како група граѓани на прославата за Рамковниот договор ја исвиркаа водителката кога таа почна да зборува на македонски јазик. Toj смета дека станува збор за провокации, кои секогаш ги имало.
-Исвиркување на било кој јазик не е пријатно за никого. Јас како Македонец не се чувствувам пријатно. Но, провокации, секогаш имало. Последните 5 години, провокации не биле оркестрирани…..Политика која се базира на поделби, посебно меѓуетнички не може да донесе добро на државата, не може да опстане на долг рок. Се обиделе повеќе политичари и сите изгубиме. Граѓаните се доволно зрели за да не бидат подложни на вакви провокации, рече Маричиќ.
Со исвиркувањење на македонскиот јазик, почна фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор. Во најголем дел младата популација, се забавуваше се до моментот кога водителката на настанот, која прво зборуваше на албански, проговори на македонски.
Маричиќ не објасни, дали освен што му било непријатно, тој и Владата ќе преземат некои мерки за ваквите лоши настани да не се случуваат и во иднина.