На сила украл паричник и побегнал, уапсен 21-годишен прилепчанец

21-годишен прилепчанец бил уапсен откако со употреба на сила одзел паричник и побегнал, но случајни минувачи го спречиле и задржале, соопшти полицијата.

Имено денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Р.(21) од Прилеп затоа што претходно со употреба на сила од Д.С. одзел паричник и се обидел да избега, но бил спречен и задржан од случајни минувачи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестТрговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници
Следна вестДрама во Скопје: Очув претепа малолетничка