На угостителите не им е доволно само продолженото работно време, имаат и други барања

Угостителите ѝ се лути на Владата што тие не се секторот за кој Владата ја донела првата мерка од новиот петти по ред антикризен пакет. Велат дека доживеале студен туш откако вчера слушнале дека се укинуваат царините за материјали за производствените компании, кое тие ги ослобуваат со „локомотиви“ – членки во Стопанската комора.

-Владата им подари 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК).

Бараат и изедначување на ДДВ за угостителски услуги на 10 проценти на сите угостителски услуги во сите угостителски објекти, како и одложување и репрограмирање на извршните постапки. Тие и дадоа рок на Владата до 25 јануари да ги усвои нивните барања.

Со одлука на Владата, од утре угостителските објекти ќе работат до 21 часот, наместо како досега до 18 часот. По анализа на епидемиолошката состојба, можно е од следната недела, работното време да им се продолжи до 23 часот.

Претходна вестВодно и до сега беше заштитено на хартија и со прописи, ама на терен…
Следна вест13 минути не дадоа гол: Македонските ракометари загубија од Словенија 31- 21