Водно и до сега беше заштитено на хартија и со прописи, ама на терен…

Со коментари и со учество на јавна расправа што се планира да се одржи помеѓу 1 и 5 февруари јавноста ќе може да каже свето мислење за Студијата со која планината Водно ќе стане заштитено подрачје. Ова денеска го истакна Градот Скопје во соопштението во кое се наведува дека врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел.

Во соопштението се наведува дека Владата во ноември минатата година донела одлука дека е прифатлив предлогот омиленото излетиште на скопјани да стане заштитено подрачје и дека треба да се спроведе јавна расправа.

-За вклучување на засегната јавност има објава на предлог актот за коментирање на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР, ќе се одржи јавна расправа за предлог актот помеѓу 1 и 5 февруари 2021 (со дополнителна најава и покана во јавните гласила и на веб-страницата на МЖСПП) и ќе има барања мислења и состаноци со владини институции, единици на локална самоуправа и бизнис заедница, соопштија од Градот Скопје.

Убаво е што конечно се води постапка да се заштити Водно. Ама и до сега нели го штитеа Водно па секој ден е силувано? од градење на висококатници па се до гасоводни линии. Заради сите овие узурпации постои стравување дали и понудената Студија за заштитено подрачје ќе биде доволна за вистинска заштита на Водно. Студии и правила на хартија има многу, но на Водно му треба заштита на самиот терен.

Претходна вестСтопанствениците предложија 15 мерки за поддршка од Владата – најважната е тие да се спроведат
Следна вестНа угостителите не им е доволно само продолженото работно време, имаат и други барања