Вчера, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано, а по тој повод се огласи нашиот оперски пејач Благој Нацоски кој за него напиша дека Милано бил кренат на нозе.
– Што да ви кажам, Симон, вечерва, со својот концерт, на нозе го крена Милано🤩, напиша Нацоски во својата објава на „Фејсбук“.
45 – годишниот Симон Трпчески меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња.
За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари во светот. Во 2011 Трпчески станува прв носител на титулата национален уметник на Република Македонија.