Вкупно 13.657 лица од Македонија се вакцинирани во Врање, Србија, со прва доза, а 11.966 примиле две дози вакцина против ковид-19.
Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Србија, Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до вчера изнесува 100.066, објави утрово Здравствениот дом во градот.
Најмногу се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“ – 62.711 дози, а потоа „Фајзер“ во вкупно 29.439 случаи. „Спутник В“ примиле 6.999 лица, а „Астра Зенека“, 932 лица.