Над 50 лица повредени во инцидентите на северот на Косово

Повредени се 52 Срби, односно толку побарале помош во Клиничката болница, а повредени се повеќе. Тројца од нив се тешко повредени меѓу кои едно лице погодено со два куршуми, ова вечерва во вонредното обраќање го истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а по немирите на Косово.

Повредениот Драгиша со два куршум примени од зад грб, како што рече Вучиќ е на интензивна нега откако претходно лекарите се бореле за неговиот живот. Еден од потешко повредените, е со повреди од гумени куршуми.

Останатите биле со полесни повреди. Уапсени се четворица Срби.

Вучиќ посочи дека на повеќе места се фотографирани снајпери кои нишанеле кон присутните Срби, донесени од албанските специјалци.

Повредени се 41 припадник на КФОР, најголем број припадници на италијанскиот и ингарскиот контингент, од кои тројца потешко.

-Србија вечерва поставила зголемен број безбедносни сили на места на кои смета дека тоа е потребно. Со нашите војници ќе одиме во обиколка на повеќе места. Ги повикувам Србите на Косово да не влегуваат во судир со НАТО, не затоа што било од нас е исплашен, туку затоа што тоа е она што Курти најмногу го сака. Ги повикувам, кога ќе протестираат, тоа да го направат на мирен начин, истакна Вучиќ.

 

Претходна вестМицкоски: Никогаш нема да прифатам да се свитка кичмата на Македонија
Следна вестПроменливо, нестабилно, дождливо…