Над 7.000 заразени со вирусот во Македонија, министерот Филипче решителен на Фејсбук

Корона вирусот ја дрма Македонија. Бројот на заразени од Ковид-19 во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени.

Според податоците на Министерството за здравство во моментов активни заболени се 3.678 лица од кои дири 2.007 лица се од Скопје.

За жал до сега починаа 341 пациенти како последица на вирусот.

Ова треба да не загрижи сите нас граѓаните во Македонија. Мора да бидеме подисциплинирани во придржување на пропишаните мерки. Многу посериозни и посеопфатни треба да бидат и надлежните институции кои треба да ја водат битката со пандемијата.

Покрај сигурно многуте активности на министерот за здравство Венко Филипче поради кои најверојатно сега и нема време за порано редовните прес конференции, еве што тој напиша на Фејсбук во последните 24 часа:

-Ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација! Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и честото миење на рацете се клучниот фактор за заштита од ковид-19. Ви благодарам Џихан Тавилах за максималната поддршка која ни ја давате во целиот овој изминат период. Таа е шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје и заеднички се бориме да го спречиме ширењето на коронавирусот, стои во едниот текст на министерот пропратен со фотографија од споменатата жена.

-Усогласувањето со законодавството на ЕУ и за нас отвора нови врати. За првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравство, за здравствениот систем. Направивме предлог проекти кои сегменти сакаме да ги зајакнеме. Правилно сме процениле дека најмногу треба да се инвестира во луѓето. Кризата со коронавирусот потврди дека вистинската инвестиција во здравството е прво во луѓето, потоа опремата, за што разговаравме и со ЕУ, и утврдивме дека е најважно да се зајакнат најважните сегменти во секоја установа – а тоа се одделенијата за интензивна нега, стои во другиот текст пропратен со фотографија на министерот покрај езеро каде со маска држи некому говор.

-Во Охрид се сретнав со повозрасните и поискусни колеги здравствени работници. Од нив најдобро се учи! Им благодарам за безусловната поддршка која во овие моменти ни ја даваат, заеднички го зајакнуваме нашиот здравствен систем, стои во третиот текст во последните 24 часа на министерот.

А неговиот текст пред овој, е всушност информацијата колку многу луѓе вчера беа новозаразени или починати.

Сигурно и денеска Филипче ќе има нов текст за новозаболените, не дај Боже починатите…

 

Претходна вестСкопје не расте туку се компресира и тоа ќе доведе до експлозија
Следна вестОвчар загина од удар на гром во светиниколско