Голем скок од 96 новозаразени од корона вирусот е забележан на скопското подрачје во изминатово деноноќие. Ова е една од најголемите бројки на заразени лица во еден ден забележана во изминативе неколку месеци. Практично, Скопје станува пак едно од најголемите жаришта на инфекцијата на опасниот вирус.
Најзагрижувачка состојба е во четири скопски општини: Аеродром во која има 141 заболено лице, Центар со 127 заболени, како и Карпош со 11 активно билни и гази Баба со 100 заболени лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Скопје од почетокот изнесува 7195, од кои активни се 834.
По овие четири општини следат Кисела Вода со 95, Чаир и Ѓорче Петров со 59, Бутел со 29, Шуто Оризари – 18 и Сарај со 14 заболени.
На поширокото скопско подрачје сосотојбата е следна: Студеничани – 8, Арачиново – 6, Илинден – 33, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 6, Петровец – 5, Зелениково – 3, Странец – 12 и Нераспределен-5.