Најавено големо невреме на Халкидики, на туристите им е испратено предупредување преку СМС

Грција денеска ќе ја погоди страшно невреме, а на граѓаните и туристите им е испратено предупредување во форма на СМС порака. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, вчера зборуваше за очекуваното невреме.

Граѓани кои престојуваат на Халкидики, веќе почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од утрово небото е сиво, а во Сарти се појави и мало торнадо.

-Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со громови на копно и на море. За подобри информации за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита, се додава во соопштението на министерот.

Според прогнозите, најголеми проблеми претпладне ќе има на Халкидики, северна Грција и соседните области, додека од пладне до доцна во ноќта појавите ќе се прошират на Фтиотида, Фокида и Виотија во централна Грција, до Атика, како и во регионите Коринтија и Арголис на Пелопонез. Температурите се очекува да се спуштат до 28 степени.

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области во северна Грција, добија итна смс порака.

-Избегнувајте преминување на потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не ги вклучувајте електричните апарати или телефоните, бидејќи молњата може да помине низ жици. Избегнувајте допирање на водоводните цевки (кујна, бања), бидејќи тие се струјни спроводници, се вели во предупредувањето.

Претходна вестБританците гласаат, лабуристите фаворити
Следна вестЛевица: Државата нема средства за младите што ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади