Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со скок од 30 места на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го има најдобриот ранкинг во кариерата на АТП лигата. Тој новата седмица ја почнува на 306. позиција и забележа скок од 30 места по победата на фјучерс турнирот во Крамшах.

Ивановски има 176 поени, а освои 21 по триумфот во Австрија. Оваа недела Калин Ивановски настапува на челенџер 100 турнирот во Бања Лука.

Од другите наши тенисери Горазд Србљак се наоѓа на 1130. место со 8 поени, додека Обрад Марковски е рангиран на 1220. позиција.

Во конкуренција на двојки, Калин Ивановски се наоѓа на 608. место на АТП листата.

Претходна вестКовачевски не знае како се прави национален консензус
Следна вест40 држави имаа состанокот за Украина, се договорија пак да се договараат без Русија