Утрово е зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата кои се надвор од градските средини, информираше АМСМ од каде го посочуваат и граничниот премин „Богородица“ кон Грција како најфреквентен во моментов.
За излез од македонска страна на границата се чека околу еден час, додека на „Ќафасан“ се чека околу половина час. На останатите гранични премини, пак, нема подолги задржувања за влез и излез.
АМСМ порачува возачите да внимаваат на одрони на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Во утринскиот извештај за состојбата на патиштата посочуваат и дека регионалниот пат преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен на делницата од Баба до Царина од 8 до 17 часот.