Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд на Република Северна Македонија и судијката Антоанета Димовска од Основен граѓански суд Скопје, ќе се најдат на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите. Судскиот совет објави дека Комисијата за подготовка на кандидатски листи по огласот за избор на членови на Советот објавен во “Службен весник на РСМ“ бр.120/23 изготвил две општи листи и тоа: Наке  Георгиев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, како негов кандидат и Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје, како кандидат од апелационо подрачје Скопје и од управните судови.

Инаку, вчера Судскиот совет на затворена седница ја запрел постапката што се водела против него, отворена минатата година за перидот додека бил претседател на Апелацискиот суд во Штип.

-По едно барање за судија, во својство на претседател на апелационен суд, постапката се запира, се вели во дел од соопштението на Судскиот совет.

Георгиев е врховен судија за граѓанската област. Трансферот го направи од позицијата претседател на Апелацискиот суд Штип. Во неговата биографија на Георгиев е запишано дека станал судија во струмичкиот Основен суд во 1997 година, а во 2004-тата е избран за судија во штипска Апелација. Претседател на овој суд станал во ноември 2017.

Утврдувањето на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет на РСМ и тоа за еден член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и еден член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ, ќе се најдат на дневен ред на 448-та седница на Судскиот совет, која е закажана за денеска. Судскиот совет, денеска на седница ќе треба да одлучува и за формирање на Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и за донесување на решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет.

 

Претходна вестМакедонија и Косово на Блаце и нa Јажинце ќе воспостават заеднички гранични премини
Следна вестПоради асфалтирање, од денеска времено затворање за сообраќај на делницата Демир Капија-Давидово