Поради асфалтирање, од денеска времено затворање за сообраќај на делницата Демир Капија-Давидово

Од денеска до 20 јули  ќе се асфалтира патот Демир Капија – Давидово поради што ќе биде затворен за сообраќај во период од 10 до 16 часот, информира Авто мото сојузот (АМСМ).

Оттаму потсетуваат и дека и денеска од 8 до 18 часот е затворен за сообраќај патот Велес – Градско. И на овој пат од завчера почна асфалтирање на коловозот кое е планирано да трае до 8 јули.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестНаке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите
Следна вест21 санкција за зборување на мобилен телефон, осум за поминување на црвено…