21 санкција за зборување на мобилен телефон, осум за поминување на црвено…

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 189 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 40 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 10 мерки за возење без возачка дозвола и 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречена е 21 санкција за користење на мобилен телефон при управување возило, осум мерки за поминување на црвено светло и четири мерки за некористење на сигурносен појас, соопшти полицијата.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

 

 

Претходна вестПоради асфалтирање, од денеска времено затворање за сообраќај на делницата Демир Капија-Давидово
Следна вестПоројната вода ноќеска навлегла во куќи во селата Ласкарци и во Буковиќ во Сарај