Поројната вода ноќеска навлегла во куќи во селата Ласкарци и во Буковиќ во Сарај

По силниот пороен дожд што го зафати градот Скопје во ноќните часови во с.Ласкарци и с.Буковиќ, во Општина Сарај поројната вода навлегла во поголем број куќи, подрумски простори и на повеќе улици, извести денеска Центарот за управување со кризи.

-На терен беше БППЗ на Град Скопје со 3 пожарникари и 1 ПП возило, при што интервенирале на најзагрозените реони. Во утринските часови контактирано е со ЈП Водовод и Канализација – Скопје, и од нив е добиена информација дека во текот на денешниот ден ќе излезат на терен за расчистување на улиците од кал и за испумпување на водата од куќите. За настанатата состојба беше известена Општина Сарај за понатамошна постапка, се наведува во информацијата.

Според најавите на УХМР за денеска, иако времето од утрово е сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови на повеќе места во државата времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Претходна вест21 санкција за зборување на мобилен телефон, осум за поминување на црвено…
Следна вестЛовокрадец незаконски ловел срни