Значително помалку казнети возачи имало во текот на вчерашните полициски контроли воспоредба со изминатиов период. Полицијата на скопските улици „уловила“ само 313 возачи кои направиле различен вид на прекршоци, што е за речиси двојно помалку отколку што е просекот во изминативе денови.
–Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 313 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 27 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 91 мерка за непрописно паркирани возила и 54 санкции за неносење заштитна маска, се наведува во соопштението.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.