Наместо депонија никнува нов парк во месноста Оксиген во село Драчево

Нов рекреативен парк со самонаводнување никнува на местото од дивата депонија во селото Драчево. Во месноста Оскиген, на површина од 7500м2, Општина Кисела Вода гради рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат граѓани од сите возрасти.

Покрај голема површина на зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување, просторот ќе нуди и детски катчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи. Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно нови целосно освтлени игралишта. Градежните работи се во полн ек и наскоро, ова ќе биде новото собиралиште за одмор и рекреација на сите жители од овој дел на градот.

–По повеќе од три децении празни ветувања, дивата депонија во местото викано Оксиген ја претвораме во огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500м2! Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот  и здравјето на моите сограѓани, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при денешниот увид во градежните активности.

Претходна вестПо три години обвинет скопјанец кој претепал ЛГБТ активист
Следна вестРаботник повреден во трафостаница во Струмица