Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари скок од 46 позиции на АТП листата. Ивановски на турнирот во Куршумлиска бања ја освои титулата во двојки, додека во поединечна конкуренција играше финале каде што беше поразен од Келемен Табур со 4:6, 6:4 и 2:6.
Со освоените бодови на овој турнир Калин се наоѓа на 413 место и ова е негов најдобар ранкинг.
Со оглед на формата на Калин Ивановски може да се очекува рекорден пласман на светската ранг листа.