Пак прегазен пешак во Скопје, со тешки повреди однесен на Клиника

Повторно е прегазен пешак во Скопје. Поточно вчера вечерта, во 20.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот ВМРО во Скопје, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х. (34) од Скопје, удрило во С. П. (33) од Словачка.

– Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот С. П., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, се вели во полицискиот билтен за сообраќајката.

Ова е само продолжение на црната серија на прегазување на пешаци.

Неколку денови претходно поточно на 12 мај на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од четириеесет годишник Б.Т. Скопје удрил во пешак К.М.(30) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

По се изгледа многу малку се презема за безбедноста на пешаците во Скопје, иако во изминативе години сме сведоци на премногу трагедии, односно губење на многу млади животи.

Во јануари 2022 година на пешачки кај Сити Мол, 22 годишник ја прегази 24 годишната Викторија Николова.

Јавноста беше особено погодена и од сообраќајната несреќа во која загина младата Фросина Цековска од Крива Паланка, која се случи на почетокот на април 2015 година. Таа настрадува во моментот кога  го минувала булеварот „Партизански одреди“ во Скопје спроти Универзалната сала.

По се изгледа ниту локалната ниту централната власт не извлече поука од овие трагедии.

Претходна вестПендаровски го одбил барањето за помилување на Катица Јанева
Следна вестНашиот Калин „скокна“ 46 места на АТП листата