Пендаровски го одбил барањето за помилување на Катица Јанева

Претседателот на државата Стево Пендаровски го одбил барањето за помилување на Катица Јанева поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство. Од Кабинетот на претседателот посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.

– Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од Кабинетот на претседателот, Пендаровски.

Комисијата за помилување е советодавно тело на претседателот која листата со предлози за помилување ја доставува до претседателот на државата, кој ги потпишува решенијата.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка.

Претходна вестГранични полицајци завршија во Шутка, примиле поткуп за да пропуштат возило без зелен картон
Следна вестПак прегазен пешак во Скопје, со тешки повреди однесен на Клиника