Насилник избоде четири лица во Норвешка

Најмалку четири лица, од кои едно потешко, се повредени во напад со нож во градот Нумедал, Норвешка, соопшти полицијата.

Според медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила околу 8:47 часот по локално време.

Очевидец тврди дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери.

На местото на настанот биле повикани и пожарникари, чиј шеф тврди дека полицијата во меѓувреме успеала да го совлада напаѓачот.

-Можам да потврдам дека го имаме насилникот под контрола, изјави полицискиот портпарол за Ројтерс

Претходна вестКога МВР ќе ги послуша граѓаните и ќе ги врати полицајците-позорникари насекаде?
Следна вестРСБСП: Матурските прослави да поминат без сообраќајни инциденти